Куман: Кога ќе примите три гола во едно полувреме…

by
1 минути читање

Леванте беше во лоша форма пред мечот со Барселона, но каталонците не го искористија тоа, одиграа само реми и загубија два бода.

Барса одлично го отвори мечот, првото полувреме го одигра на високо ниво и имаше водство од 2-0, но во вториот дел се случи неочекуван пад, три примени гола од Леванте и наведнати глави по последниот судиски свиреж.

„Бевме добри во првото полувреме, со добар ритам и интензитет, дојдовме до водство“, вели Куман по мечот.

„Но во второто полувреме престанавме да бидеме опасни, го намаливме нашиот интензитет. Направивме многу грешки во дефанзивата. На 2-2 реагиравме и постигнавме гол, но потоа беше лесно за нив да дадат уште еден гол. Да примите три гола за 45 минути не е ниво на Барселона“.

„Разочарани сме и се чудиме што се случи во второто полувреме. Треба да продолжиме  да се подготвуваме за следната сезона“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×