225
Барселона имаше одлично прво полувреме, дојде до предност од 2-0 со голови на Меси и Педри, а пропушти и уште неколку други изгледни прилики. Ништо не наговестуваше изненадување.
Но се случи шок, во 57. минута Мелеро погоди за 1-2, а две минути подоцна Моралес го изедначи резултатот на 2-2.
По тие два погодоци Енис Барди беше изваден од игра иако дотогаш имаше одличен настап.
Во 64. минута Дембеле го врати водството на Барселона, но во 83. минута Леон погоди за конечни 3-3.
Барселона има бод помалку од Атлетико Мадрид и бод повеќе од Реал Мадрид, но овие два тима допрва треба да ги играат мечевите од колото.