Барселона и
првата ѕвезда на тој тим, Лионел Меси веќе почнале со преговори околу можноста
обете страни да ја продолжат соработката, ако се земе во предвид дека
актуелниот договор на Аргентинецот истекува на 30 јуни.
Претседателот на
Барселона, Жоан Лапорта, таткото на Меси, односно агент на фудбалерот, Хорхе
Меси, веќе имале неколку средби изминативе денови, со тоа што почнале обидите
да се дефинира иднината на Аргентинецот.
Финалната понуда,
како од финансиска, така и од спортска смисла, ќе зависи од тоа што клубот ќе биде
во состојба да го понуди со оглед на економската позиција на Барселона која
изминатиов период воопшто не е на позитивно ниво.
Првата фаза од
преговорите помеѓу Лапорта и Хорхе Меси наводно поминале низ одредени фази каде
обете страни имале согласност, а планот е да се постигне договор со кој Меси ќе
се поврзе со клубот засекогаш, односно и по завршување на кариерата.
„Спорт“ нагласува
дека една од главните грижи на Меси е проектот за идната сезона, односно колку
истиот ќе биде на високо ниво, за да се исполни неговата желба и амбиција за
враќање на клубот на старите победнички патеки.
Каталонскиот
медиум додава дека договорот ќе зависи и од трансфер политиката на клубот
периодот кој претстои, иако станува јасно дека прв пик на трансфер пазарот е напаѓачот
на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.
Постои уште многу
работа во преговорите помеѓу обете страни, но, како што подвлекува „Спорт“,
почетната фаза е ветувачка за постигнување на договор, а се’ индицира на тоа дека Меси е поблиску од
било кога да остане во Барселона.