Ајмерик Лапорт важи за еден од најдобрите централни дефанзивци но нема ниту еден настап за сениорската репрезентација на Франција. Неколку пати доби повик, но не и шанса за настап а Дидје Дешам секогаш имаше изговори зошто не му дава минутажа на фудбалерот на Манчестер Сити.
Очигледно на Ајмерик Лапорт му здосади да чека па прифатил да игра за Шпанија. Луис Енрике пред неколку недели побарал од Фудбалската федерација на Шпанија да опипаат терен, Французинот дал зелено светло па Ајмерик Лапорт денеска добил шпанско државјанство.
Сега треба да заврши и процедурата со ФИФА и дефанзивецот да добие дозвола да ја промени репрезентацијата.
Планот на Луис Енрике е Ајмерик Лапорт да се најде во составот на „црвената фурија“ за ЕВРО 2020.