Ова е автомобилот што Роналдо го купил вчера при посетата на Ферари, вреди 1,6 милиони евра! (ФОТО)

by
1 минути читање

Семејството Ањели
ги поседува Јувентус и Ферари, па Кристијано Роналдо во придружба на Андреа
Ањели и Џон Елкан, синоќа имаше прошетка во Маранело и прилика од прва рака да
се запознае со производството на луксузните автомобили.

Медиумите исто
така пренесоа дека Португалецот ја искористил оваа прилика да се поднови, а
последните информации велат дека неговата колекција ќе биде збогатена со Ферари
Монца.

Се работи за
лимитирана серија на спортки автомобил кој вреди 1,6 милиони евра. Златан
Ибрахимовиќ е еден од среќниците кои поседува ваков автомобил, но овој на
Кристијано Роналдо ќе биде супер екслузивен, во црвена боја, и може да се купи
само со покана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×