Јувентус може да биде исфрлен од Серија А?

by
1 минути читање

Јувентус, Реал Мадрид и Барселона се трите клуба кои се уште официјално не се откажале од Суперлигата. Останатите девет го направија тоа и постигнаа спогодба со УЕФА за помали казни.

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина му се закани на Јувентус дека може да добие исклучување од Серија А доколку не истапи официјално од Суперлигата.

„Кога клубовите прифаќаат да бидат дел од италијанската лига, тоа значи дека ги прифаќаат принципите на меѓународните фудбалски тела. Евидентно е дека доколку Јувентус не ги прифаќа овие принципи тие ќе бидат исфрлени од домашната лига“, изјави Гравина на прес конференција.

„Жал ми е, видов некои загрижени фанови утринава, но сите мора да ги почитуваат правилата“.

„Девет клубови одлучија да го напуштат натпреварувањето (Суперлигата), три се се уште инволвирани. Како и да е, се надевам дека ова ќе се заврши наскоро“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×