„Кралевите“
пропуштија можност да скокнат на првото место на табелата откако ремизираа против
Севиља, па Атлетико Мадрид на три кола до крајот останува во пол-позиција за
титулата во Примера.
Синоќешната
пресметка во Мадрид имаше неколку спорни моменти, а оној од финишот на мечот
може да го реши шампионот.
Во 74. минута,
Севиља изведе корнер, гостите очигледно повеќе мислеа на противничкиот гол
отколку на својот, па Реал откако се одбрани тргна во молњевита контра а Бензема
се најде осамен пред Боно, беше соборен и доби пенал.
Сепак, се огласи
ВАР, одлуката беше променета и беше досудена најстрога казна за Севиља. Со
прегледување на повторените снимки беше утврдено дека Милитао играл со рака по
корнерот на гостите, судијата веруваше дека раката на дефанзивецот била во
неприродна позиција и покажа на белата точка во шеснаесетникот на Куртоа.
Ракитиќ ја
превзеде одговорноста и погоди за 1-2 во 79. минута, па Реал наместо да премине
во водство, одново се најде во негатива.