Пирло: Немам намера да си дадам отказ

by
1 минути читање

Се покажува дека тренерската работа во Јувентус е преголем залак за Андреа Пирло. Тренерско деби на клупата на гигант како Јуве испадна лош план од раководството на клубот.

Јувентус синоќа на свој терен беше понижен од Милан и реална е шансата следната сезона да не играат во Лигата на шампионите што ќе претставува огромен и неочекуван неуспех. Но Пирло нема да си даде оставка.

„Не, нема да се повлечам. Ја прифатив оваа работа со голем ентузијазам во услови на одредени потешкотии. Тука сум на располагање на клубот, остануваат уште три кола до крајот, па ќе продолжам да работам се додека ми биде дозволено да го правам тоа“, вели Пирло.

„Имав поинаков проект во главата. Би имал друга група на фудбалери според мене. Работев на некои концепти, но птоа требаше да ја променам насоката и да се прилагодам на нивните карактеристики“.

„Клубот ми даде голема слобода за работа и никогаш немало влијаение тоа што се случува надвор од теренот. Кога не сме добри на теренот тоа е само наша и моја вина, јас сум главен на овој тим“.

„Трениравме добро, но понекогаш некои фудбалери не го достигнуваат максимумот во своите перформанси. Кога имате двајца-тројца такви фудбалери кои се мачат, тоа влијае на перформансите на целиот тим“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×