Траоре со погодок кој тешко дека ќе го повтори, Манчестер јунајтед по 10-ти пат победи со пресврт (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на Оле
Гунар Солшер оваа сезона се покажаа како мајстори за победи откако први ќе примат
гол, тоа на своја кожа попладнево го почувствува и Астон Вила.

Домаќините
поведоа со голот на Бертран Траоре, фудбалерот од Буркина Фасо од косо прекрасно
погоди во аголот на подалечната статива и постигна гол кој тешко дека ќе го
повтори.

Сепак, на стартот
од вториот дел, Бруно Фернандеш изедначи на 1-1 од пенал, а четири минути
подоцна, Гринвуд донесе предност за Манчестер јунајтед од 1-2. Во завршницата
од мечот, Кавани ги реши сите дилеми и ги постави конечните 1-3.

Па Манчестер
јунајтед го одложи шампионското славје на Манчестер Сити и постави нов рекорд,
ова беше 10-та победа со пресврт оваа сезона во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×