Први последици од протестите на навивачите, Манчестер јунајтед остана без спонзорски договор од 200 милиони!

by
1 минути читање

Навивачите на Манчестер
јунајтед минатата недела излегоа на протест да го искажат својот бес кон
сопствениците на клубот, семејството Глејзер. Дел од фановите дури започнаа и
кампања против комерцијалните партнери на „ѓаволите“ и повикаа на бојкот на
нивните производи и услуги.

Весникот Обзрвер
сега пишува за првите последици од протестите, Манчестер јунајтед останал без
спонзорски договор од 200 милиони фунти.

„Д Хат Груп“ требала
да го наследи АОН како спонзор на тренинг опремата, од јули требало да стои
логото на „Мипротеин“, фирма која е во сопственост на ДХГ, но зделката од 200
милиони фунти за десетгодишна соработка паднала во вода по протестите.

ДХГ, која е
мултибилионска компанија со канцеларии во близина на аердромот во Манчестер,
стравувала дека како локален бизнис силно ќе биде на удар на армијата навивачи на
Јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×