195
Кун Агуеро
денеска се избрука за сите пари откако во финишот од првото полувреме имаше
ужасен обид за „паненка“ против Челси и пропушти да донесе предност од 2-0.
На крајот овој
потег на напаѓачот му се удри од глава на Манчестер Сити, „сините“ дадоа два
гола во второто полувреме и си заминаа од „Етихад“ со триумф од 1-2.
Аргентинецот е
свесен дека го оштети својот клуб, па веднаш се огласи на социјалните мрежи и им
се извини на соиграчите, тренерскиот персонал и навивачите.
„Сакам да им се
извинам на соиграчите, тренерскиот персонал и навивачите за промашениот пенал.
Тоа беше лоша одлука и превземам целосна одговорност“ – напиша Кун Агуеро на
социјалните мрежи.