169
Ливерпул често
знае да киксне на Енфилд во последно време, но денеска избраниците на Јирген
Клоп ја завршија работата и ги осигураа трите бода.
Мане донесе
водство од 1-0 по половина час игра, а за потврда на триумфот се чекаше до
самиот финиш кога Тиаго Алкантара прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за
својот прв гол во дресот на „црвените“ и победа од 2-0.
Со овие три бода,
Ливерпул останува во трката за топ четири пласман, има шест бода помалку од Лестер
но и натпревар помалку.