Денеска се
појавија гласини дека фудбалерите на Интер обдиле кратење на платите, а нема да
се откажат ниту од бонусите за плати. Кориере дело Спорт исто така пренесе дека
Антонио Конте, Бепе Марота и Пјеро Аусилио се на излезна врата, и пишуваше за
црно сценарио и крај на проектот.
Бепе Марота сега ги
прокоментира ваквите написи и порача дека бонусите за Скудетото ќе бидат
исплатени, играчите ги заслужиле. Што се однесува за кратење на платите, индивидуално
ќе се разговара со секој фудбал.
„Можам да
потврдам дека следната недела ќе има индивидуални состаноци со играчите.
Сопствениците и претседателот Стивен Жанг ќе им објаснат со какви потешкотии се соочува фудбалот ширум светот а особено Интер поради пандемијата“ –
вели генералниот извршен директор.
„Можам да
потврдам дека бонусите за Скудетото ќе бидат исплатени, играчите ги заслужија“.
„Нема наредба од
клубот, едноставно сакаме да разговараме со играчите и да допреме до нивната
совест во овие тешки времиња за сите клубови од Европа и светот“.