Барса и Атлетико одиграа по мерак на Реал, Дембеле промаши зицер за победа (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Реал Мадрид доби шанса
да се врати на првото место откако Барселона и Атлетико Мадрид одиграа натпревар
без погодоци. Гостите беа подобар противник во првиот дел, имаа неколку шанси,
но Тер Штеген не дозволуваше да биде совладан.

Домаќините тешко
создаваа прилики за гол, но во финишот од мечот креираа добра шанса, Дембеле можеше
да се прослави, но како и многу пати во минатото, промаши зицер и со глава од добра
позиција шутираше над голот.

Лео Меси во
последните мигови се закани од слободен удар, но неговиот обид заврши крај
голот. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×