214
Баерн Минхен
стигна до нова титула во Бундеслигата без да истрча на терен против Борусија Менхенгладбах.
РБ Лајпциг со поразот против Борусија Дортмунд остана без математички шанси за првото
место.
Во возбудлив
натпревар, „биковите“ со головите на Клостерман и Олмо се вратија од два погодока
негатива, но Џејдон Санчо се погрижи трите бода да останат на „Сигнал Идуна
Парк“.
Во 87. минута од
мечот, Англичанецот атрактивно со пета го уфрли Гереиро, кој врати на пет метри
каде Ројс паметно ја остави топката за Санчо без мака да ја затресе празната
мрежа за 3-2 и три важни бода во трката за Лигата на шампиони.