Осимен покажа зошто беше платен 80 милиони, Наполи убедлив против Специја (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Наполи растеретен
ќе ги чека резултатите на ривалите за топ четири пласман, избраниците на Гатузо
убедливо славеа на гостувањето кај Специја.

Рекордното засилување
Виктор Осимен конечно покажува зошто беше платен 80 милиони евра, денеска
постигна два погодока и сега на последните четири меча има пет гола.

Резултатот беше отворен
по 15 минути игра, Зелински доби топка на првата статива и ја затресе мрежата
за 0-1. Во 23. минута, Осимен беше уфрлен во празно, напаѓачот им избега на
чуварите и погоди за 0-2. Во финишот на првиот дел, Осимен по втор пат се
запиша во листата на стрелците откако по еден прекин избегна офсајд замка и се
најде осамен пред голманот на домаќините.

Пиколи намали на
1-3 во 64. минута, но Лозано во 79. минута реализираше за 1-4 и ги потврди трите бода со кои
Наполи скокна на втората позиција на табелата.

Нашиот Елиф Елмас
доби шанса во второто полувреме и на теренот помина нешто повеќе од 15 минути.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×