Од Париз пристигнува лоша вест за Барса но добра за Реал Мадрид

by
1 минути читање

Ништо од враќање
на Нејмар во Барселона, Л’Екип на својата насловна страна објави дека
Бразилецот останува во ПСЖ.

Весникот пренесе
дека „светците“ во текот на денешниот ден ќе објават дека напаѓачот ставил
потпис на нов договор со трајност до јуни 2026 година.

Жоан Лапорта се
надеваше дека ќе може да го врати Нејмар на Камп Ноу, претседателот на
Барселона одреди буџет од 100 милиони евра, но сето ова паѓа во вода доколку
играчот ја продолжи соработката.

Вестите сепак се
добри за Реал Мадрид и нивната намера да го купат Килијан Мбапе. ПСЖ во никој
случај немаше да дозволи да остане без своите две ѕвезди во исто време, па „кралевите“ и
понатаму имаат шанса да го ангажираат Французинот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×