Челси игра одлично под водство на Томас Тухел, влегоа меѓу четирите најдобри во Англија, ќе играат финале во Лигата на шампионите и финале во ФА Купот. Германецот има фантастичен старт во Англија.
„Уживам во Англија, апсолутно да, ова е најсреќниот период од мојата професионална кариера, многу, многу е добро да сте тренер тука, тоа го чувствувам од првиот ден и не се променило, ова постојано им го кажувам на мојата фамилија и на пријателите“, вели Тухел.
„Го кажувам гласно и не се воздржувам и ако некогаш се промени тоа, тие треба да ме потсетат дека сум го велел тоа гласно“.
„Апсолутно сум среќен и чувствувам дека сум на вистнското место во вистинско време. Се надевам дека и другите го чувствуваат тоа и тоа ме прави самоуверен и смирен“.
„Чувствувам дека тотално можам да се фокусирам на мојата работа како тренер и го ценам тоа што сум на вистинско место во вистинско време. Чувствувам како да сум добил голема награда и среќен сум поради тоа“.
„Но не е воопшто лесно. Супер тешок е, дури и потешко отколку што очекував. Интензитетот на игра и распоредот кој го имаме, бара многу од вас, секој тим си има сопствен стил на игра и многу е интензивно. Во моментов дури нема ни навивачи“.
„Можам само да замислам како е кога би играле натпревари во Саутемптон, Лидс или Ливерпул со навивачи“.