Клоп: Нема да плачеме ако не играме во Лигата на шампионите, не сме мали деца

by
1 минути читање

Ливерпул има уште пет меча до крајот на сезоната во Премиерлигата, според изгледот на табелата, тимот на Клоп ќе мора да ги победи сите тие дуели и да се надева на кикс на оние пред нив за да се пласира во Лигата на шампионите. Мисијата е тешка.

„Не сме деца во продавница за бонбони кои не добиваат бонбони“, вели Клоп.

„Ние сме одговорни за ситуацијата и никој нема да гледа Лига на шампиони следната сезона, да лежи пред телевизорот и да плаче затоа што ние не сме таму“.

„Ако некој има проблем со тоа, се надевам дека ќе забележам и рано ќе ја решам ситуациијата. Прилично сум сигурен дека ќе го препознаам тоа рано“.

„Се уште имаме шанси за Лигата на шампионите и треба да се фокусираме на тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×