Англичаните притискаат да бидат домаќини на финалето во ЛШ

by
2 минути читање

Манчестер Сити и
Челси ќе ги вкрстат копјата во големото финале сезонава во Лигата на
шампионите, а пресметката е предвидено да се одигра на 29 мај во Истанбул,
Турција, меѓутоа домаќинот би можел да биде променет.

Плановите за
финалето во Истанбул се доведоа во мошне незавидна ситуација откако властите на
Островот ја ставија Турција на црвената листа за патувања за нивните граѓани, а
сето тоа беше неочекувано во УЕФА и ФА.

Под новите
регулации, фудбалерите на обата клуба ќе мораат да одат во карантин десет
денови веднаш штом се вратат од Истанбул, а тоа значи дека дури седум
репрезентативци на Англија кои не би имале можност со тоа да му бидат на
располагање на селекторот Герет Саутгејт за претстојното Европско првенство кое
стартува на 11 јуни.

Се верува дека
англиската Фудбалска Асоцијација лобира кај властите да се направи исклучок во
однос на Челси и Манчестер Сити, со тоа што би им било дозволено да патуваат
без никакви ограничувања.

Доколку се одбие
барањето на ФА, УЕФА повеќе од веројатно е дека ќе мора да бара алтернативно
решение, а секретарот за транспорт, Грент Шапс вели дека Англија е отворена за
идејата да биде домаќин на финалето од Лигата на шампионите.

Сево ова значи
дека на навивачите нема да им биде дозволено да патуваат кон Турција, ФА веќе е
во разговори со УЕФА, отворени сме на идејата за да бидеме домаќини на
финалето, но тоа ќе биде одлука на УЕФА, ние сме подготвени да се соочиме со
тој предизвик, со оглед на фактот што два англиски тима се дел од тој натпревар

изјави Шапс.

Статусот на
Турција како земја со степен на ризик за патување поради ситуацијата со
пандемијата од ковид-19 истовремено значи и дека на навивачите на обата клуба нема
да им биде дозволено да патуваат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×