Гласините за
трансфер на Ерлинг Халанд во Баерн Минхен го налутиле Роберт Леванодвски, ова
го пренесе новинарот на Билд, Кристијан Фалк.
Во подкасот
„Баерн-инсајдер“, тој пренесе дека Полјакот е лут поради тоа што често се
пишува за преселба на Ерлинг Халанд на „Алианц Арена“ а раководството на
„баварците“ молчи. Напаѓачот сака да слушне како некој од лидерите ги демантира
шпекулациите, и потврда дека тој останува главна алка на која ќе се наслонува
тимот.
Фалк додава дека
Баерн не планира промени во нападот ова лето, односно Роберт Левандовски ќе
остане а Ерлинг Халанд нема да биде на агендата. Сепак, сите карти се во игра
за 2022 кога стапува на сила откупната клаузула на Норвежанецот од 75 милиони
евра.
Во меѓувреме,
ЕСПН објави дека Манчестер Сити и Челси сакаат да го ангажираат Роберт Левандовски и понуда од 60 милиони евра може да биде доволно за реализација на
трансфер.