Вест Хем се израдува на елиминацијата на Арсенал, нема да има лудо сценарио во Премиерлигата

by
1 минути читање

Виљареал спречи
англиско финале во Лига Европа, „жолтата-подморница“ се избори за 0-0 на
Емирати и го елиминираше Арсенал.

Неуспехот на
„топчиите“ го израдува Вест Хем и уште неколку ривали кои имаат свои математики
во трката за топ 4 и настап во Лигата на шампионите.

Со Челси во
финалето од Лигата на шампиони, доколку Арсенал обезбедеше пласман во финалето
од Лига Европа, ќе се отвореше простор за лудо сценарио во кое само топ 3 ќе
носеше настап во Лигата на шампиони.

Според правилата
на УЕФА, максимум пет клубови од една земја можат да бидат дел од најелитното
европско натпреварување, па во случај Челси и Арсенал да ја освоеа Лигата на
шампиони, односно Лига Европа и да не бидат на првите три места на табелата,
некој ќе останеше без настап во Лигата на шампиони.

Во моментов Вест
Хем е тој кој е најблиску до Челси, „чеканите“ имаат извонредна сезона и сега
по елиминацијата на Арсенал можат малку полесно да дишат.

Неуспехот на
„топчиите“ сигурно е добредојден и за Лестер, „лисиците“ во моментов се трети,
но имаат тежок распоред и треба да играат против Манчестер јунајтед, Челси и
Тотнем до крајот на сезоната па можно е да назадуваат.

Тотнем и Ливерпул
имаат свои математики, шансите се мали, но сигурно нема лесно да се предадат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани