198
Ериксен имаше тежок старт на кариерата во Интер, се шпекулираше дека ќе биде продаден во јануари, но тој остана а во меѓувреме стана еден од главните играчи во тимот.
Се чинеше дека погреши што го напушти Тотнем и се пресели во Интер, но на крајот тоа не беше така. Данецот ја освои Серија А додека неговите поранешни соиграчи имаат уште една сезона без трофеј.
„Сега сум многу среќен со Конте, пред шест месеци имав шанса да си заминам, но се се промени и сега сакам да останам“, вели Ериксен.
„Не знам дали Конте ќе остане во Интер или не, тоа зависи од него и клубот, тие ќе одлучат заедно“.