193
Артета е под притисок, голема е веројатноста да добие отказ по крајот на сезоната. Тимот синоќа беше елиминиран од Лигата на шампиионите, а во Премиерлигата е на деветтото место кое не носи во Европа.
По вчерашниот меч тој беше запрашан дали смета дека е вистинскиот човек за тренер на Арсенал.
„Не би седел тука ако не го мислам тоа. Ќе видите. Тоа не е нешто што се кажува со зборови, туку се покажува на теренот“, изјави Артета.
„Секогаш чувствувам притисок бидејќи сакам да го направам најдоброто за тимот, за сите кои ме поддржуваат, за фановите…. Ова е големо разочарување за нас бидејќи се обидовме со сите сили да влеземе во финалето“.
„Работата на сите е под лупа. Тоа е нормално“.