Пирло „ала Гвардиола“: Јувентус во Серија А не врза ниту еден меч со идентичен состав

by
2 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Јувентус, Андреа Пирло направил ротации на сите 34 натпревари
сезонава во Серија А, иако мора да се земе во предвид дека составот на „Старата
дама“ не беше конзистентен и поради други причини во одделни периоди.

Пирло ниту еднаш
сезонава во досегашните 34 кола од Серија А не врзал два натпревари со идентичен
почетен состав на исти позиции во формациската поставеност, па многумина за момент го поистоветија со лудите ротации кои често ги практикува предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој за волја на вистината има огромен избор во својот ростер, што не би можело да се каже и за изборот на Пирло.

Од неколкуте примери може да се наведе Данило кој од бек како своја природна позиција, беше ротиран
на позицијата централен стопер на почетокот од сезоната, а исто така беше „тестиран“ дури и во средината од теренот.

Федерико
Бернардески пак, чија природна позиција е крило, мораше да игра и како лев бек,
што не е баш типична позиција каде тој би можел да го покаже најдоброто од
себе.

Треба да се земат во предвид и проблемите со повредите кои ги имаше Јувентус сезонава, за што Пирло понекогаш беше присилен да поставува фудбалери на за нив неприродни позиции на теренот.

Како и да е, тренерот на
„Старата дама“ се уште се обидува да го пронајде најдоброто од составот на
Јувентус кој сезонава не успеа да ја одбрани титулата во Серија А, а
дополнително, клубот од Торино не е сигурен ниту за пласман во Лигата на
шампионите за идната сезона.

„Фудбал Италија“
пишувајќи на оваа тема нотира дека Јувентус не успеа да го пронајде сопствениот
идентитет под кормилото на Пирло, италијанскиот медиум додава дека „Бјанконерите“
под водство на Пирло зависат повеќе на индивидуалните квалитети на одредени
фудбалери кои треба да ги вадат во тешките ситуации на натпреварите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×