Жоржињо со Челси
сезонава оствари значаен успех со пласманот во големото финале од Лигата на
шампионите каде ќе ги одмери силите со Манчестер Сити, а неговиот агент потврди
дека би биле отворени за разговори за евентуално враќање во Наполи, или
трансфер во Милан.
Фудбалерот на
Челси е достапен на трансфер пазарот за 50 милиони евра, потврди Жоао Сантош во
изјава за „Радио Кис Кис“, меѓутоа се чини дека Неапол е примамлива дестинација
за фудбалерот.
„Тој би сакал да
се врати во Италија, меѓутоа јас мислам дека тоа би можело да се случи за
неколку години, а не сега“ изјави Сантош, кој подвлече дека Неапол е омилено
место на Жоржињо.
„Тој го сака
Неапол, помина прекрасни години таму, меѓутоа во моментов треба да размисли што
е најдобро за неговата кариера, тој се уште има договор со Челси“ додаде
агентот.
„Што се однесува
пак до Милан, доколку Жоржињо го напушти Челси, со понуда вредна 50 милиони
евра, како и договор сличен на оној кој го има во моментов во Челси, тогаш тој
би размислил за тоа“ заклучи Сантош.
Жоржињо сезонава за Челси одигра 24 натпревари, на кои потигна шест погодоци, а запиша и една асистенција.