226
Реал Мадрид синоќа беше елиминиран од Лигата на шампионите, а по мечот Азар се смееше заедно со фудбалерите на Челси. На сликите изгледаше како воопшто да не му е криво за поразот.
Таквиот негов однос ги разочара фановите на Реал Мадрид кои побараа Азар колку што е можно побрзо да си оди од клубот. Фудбалерот сега излезе со изјава преку стори на својот инстаграм профил.
„Жал ми е. Прочитав многу мислења за мене денескка и не беше моја намера да ги навредам фановите на Реал Мадрид. Отсекогаш мој сон било да играм за Реал Мадрид и тука дојдов за да победувам. Сезоната не е завршена и заедно сега мора да се бориме за Ла Лига! Хала Мадрид“, напиша Азар.
