Почетни состави: Обамејанг го предводи нападот на Арсенал, Фернандеш за „спокој“ кај Манчестер јунајтед (ФОТО)

by
1 минути читање

Можеби мечот
во Рим ќе биде само формалност, иако не е спортски никого да се отпишува,
меѓутоа и повеќе од очигледно е дека неизвесноста е во голема мера за реваншот
помеѓу Арсенал и Виљареал, откако во првата пресметка шпанскиот прволигаш
славеше со 2-1 на домашен терен.

Арсенал вечерва
ќе настапи во формациска поставеност од 3-4-3, доста офанзивен приод во играта
гледано на хартија од страна на Микел Артета, кој во нападот ќе го има и
капитенот Пјер-Емерик Обамејанг.

На спротивната
страна, екс тренерот на Арсенал, Унаи Емери се реши за офанзивна поставеност со
формација 4-3-3, па судејќи според распоредот на неговите избраници, за
очекување е да проследиме офанзивен фудбал во Лондон.

Што се однесува
пак до втората полуфинална реванш пресметка, Рома е пред невозможна мисија да
анулира негатива од цели 6-2 стекната од првиот меч на гостински терен кај
Манчестер јунајтед.

Един Џеко ќе биде
главната опасност кон голот на гостите, а Рома ќе настапи во формациска
поставеност од 4-2-3-1.

Иако со висока
предност од првиот меч, сепак, Оле Гунар Солшер не сака да ризикува па од
првата минута ќе почне и Бруно Фернандеш во формациска поставеност од 4-2-3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×