Кака: Милан може да го победи Јувентус, едвај чекам да го видам повторно во ЛШ

by
1 минути читање

Поранешниот
фудбалер на Милан, Кака верува дека „Росонерите“ можат да го совладаат Јувентус
на гостински терен претстојниов викенд, а Бразилецот се надева дека клубот од
Милано ќе се врати во Лигата на шампионите.

Жал ми е што
Милан не успеваше да се врати во Лигата на шампионите досега, едвај чека да го
видам Милан повторно во тоа натпреварување, сега тој успех е мошне близу
“ рече
Кака во изјавата за официјалниот клупски сајт на „Росонерите“.

Сега, пред Милан
е голем предизвик, гостувањето кај Јувентус и Андреа Пирло, Милан може да го
добие овој натпревар, може да се врати во Лигата на шампионите
“ додаде
Бразилецот.

Се надевам на
такво сценарио, посакувам истото да се случи и за радост на навивачите на
самиот клуб
“ заклучи Кака.

Моменталната
ситуација на табелата во Серија А по 34 одиграни кола, односно на четири кола
пред самиот крај на сезоната, вели дека Аталанта, Јувентус и Милан се на делба
на второто место со по 69 освоени бодови, а не заостануваат многу Наполи со 67,
односно Лацио со 64, кој инаку има и меч помалку од сите останати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×