Тухел: Во Истанбул нема да одиме за само да учествуваме, одиме на победа, да ја освоиме ЛШ

by
1 минути читање

Челси не само што победи, туку го надигра Реал Мадрид, момците на Тухел создадоа многу шанси и можеа да победат поубедливо, но целта ја остварија.

Во финалето ќе играат против Манчестер Сити кого го елиминираа во полуфиналето од ФА Купот, а тоа им дава дополнителна самодоверба.

„Таа победа ни дава добро чувство, ни дава самодоверба. Манчестер Сити е на врвот, а ние сакавме да покажеме дека не сме далеку и успеавме да ги победиме на тој меч. Сега одигравме на високо ниво, на голем натпревар што нии дава верба бидејќи победуваме екипи кои се на највисоко ниво“, вели Тухел.

„Во Истанбул ќе отпатуваме со самодоверба и ипозитивна енергија, таму одиме за да победиме, не да бидеме еден од учесниците. Ќе отпатуваме со јасен фокус да победиме“.

„Досега секој еден ден работа вредеше, работам напорно во овој неверојатен клуб уште од првиот ден, чувствувам голема поддршка откако дојдов и благодарен сум им на сите“.

„Ова беше уште еден перформанс полн со енергија, позитивен однос, глад за победа и дух“.

„Главите никогаш не беа доле на моите фудбалери, и порај промашените големи шанси, останаа позитивни. Не сме завршиле уште, имаме две финалиња и ќе бидеме пожртвувани до крај“.

„Среќен сум. Задоволство е да се биде дел од оваа соблекувална. И индивидуално и како група фудбалерите одлично се однесуваат од првиот ден и тоа трае до денес“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×