284
УЕФА постигна договор со неколку клубови кои дадоа збор дека веќе не се дел од Суперлигата, тие се Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Тотнем и Атлетико Мадрид. Се верува дека договор ќе биде постигнат и со Интер.
Но, Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Милан може да добијат казни бидејќи тие се уште тврдат дека се во Суперлигата и проектот е жив.
Четирите клуба би можеле да добијат финансиски казни, но и исклучување од Лигата на шампионите на една или две години.
Во наредните денови се очекува комплетната разврска на овој случај, дали УЕФА ќе им прости на сите или ќе ги казни тврдоглавите.