Де Роси и Самуел дел од стручниот штаб на Мурињо во Рома?

by
1 минути читање

По отказот во
Тотнем, Жозе Мурињо во новата сезона ќе почне со нов предизвик во својата
тренерска кариера, и тоа во италијанскиот прволигаш Рома, каде наводно за
асистенти во стручниот штаб ќе ги има Даниеле Де Роси, односно Валтер Самуел.

„Ил Месаџеро“
извести дека легендарниот фудбалер на Рома, Де Роси е подготвен да се врати во
клубот, откако пред извесен период почна да соработува со селекторот на
Италија, Роберто Манчини во неговиот стручен штаб.

Освен Де Роси, „Ла
Република“ пак пишува дека во стручниот штаб на Мурињо ќе има место и за
поранешниот аргентински дефанзивец, исто екс член на Рома, но и Интер, Самуел
кој беше дел од големиот успех на „Нероаѕурите“ под водство на Мурињо.

Во моментов
Самуел е асистент на селекторот на Аргентина, Лионел Скалони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×