Челси и Реал
Мадрид влегуваат во финалната битка за пласман во големото финале од Лигата на
шампионите откако претходно нивниот меч во шпанската престолнина заврши без
победник, но со резултат 1-1, односно гостински гол кој сигурно во голема мера
беше добредојден за Премиерлигашот.
Како и да е,
резултатот од првиот меч ништо не навестува, а ние имаме можност да се
запознаеме со почетните состави на обете екипи за реваншот, па ќе проследиме
дека Томас Тухел се реши за формациска поставеност од 3-4-3 каде ударното трио
во нападот го сочинуваат Хаверц, Вернер и Маунт.

Што се однесува
пак за изборот на Зинедин Зидан, тој се реши за формација од 4-3-3, а од првата
минута ќе тргне и Еден Азар, кој токму од Челси направи трансфер во Реал
Мадрид, друштво на Белгиецот во нападот ќе му прават Бензема и Винисиус.
