Леви посакува италијански тренер на клупата на Тотнем, Сари и Гасперини најсериозни кандидати

by
1 минути читање

Тотнем не е
заинтересиран само за Маурицио Сари, туку клубот од Лондон наводно веќе го
контактирал и шефот на стручниот штаб на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини за нов
тренер, откако таа позиција се испразни со отказот за Жозе Мурињо.

Моментално,
предводник на „Спарси“ е Рајан Мејсон кој стартуваше со две победи во
Премиерлигата, меѓутоа извесно е дека тој ќе биде привремено решение за таа
позиција, односно до крајот на актуелната сезона.

„Фудбал Италија“
веќе извести дека Маурицио Сари освен со Тотнем, преговара и со лутиот градски
ривал Арсенал, а се чини дека првиот човек на Тотнем, Даниел Леви посакува на
клупата на тимот да седне Италијанец, па во игра за таа позиција е воедно и
Гасперини.

Се верува дека Гасперини
бил контактиран од страна на познат европски фудбалски агент кој го пренел
интересот на „Спарси“ за него, па иако тој има апсолутно одврзани раце во
Аталанта во поглед на тактиките, како и трансфер стратегиите на клубот,
неофицијално, се шпекулира дека неговиот одговор бил позитивен.

Аталанта во
моментов е на
делба на второто место на табелата во Серија А, заедно со Јувентус и Милан
на четири кола до крајот на сезоната, а ќе ги одмери силите со Јувентус во
финалето од Копа Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×