Во последно
време, името на Нејмар често се поврзува со Барселона. Последните информации
велат дека Жоан Лапорта и неговиот борд на директори се оптимисти дека ќе можат
да најдат пари за реализирање на еден ваков трансфер.
Тие веруваат дека
можат да приберат 100 милиони евра од продажба на играчи и потоа со оваа сума
да тропната на вратата на ПСЖ.
Претседателот на
Барселона смета дека еден ваков трансфер ќе има троен ефект. Како прво,
вредноста на брендот на Барса ќе биде зголемена, како второ, ќе се зголеми
квалитетот на составот и како трето, ќе му биде исполнета желбата на Лео Меси,
кој сака повторно да игра со Бразилецот.
Се верува дека и
Нејмар сака да се врати на Камо Ноу, но зделката воопшто не е едноставна. ПСЖ
нема лесно да го продаде Нејмар, особено ако Килијан Мбапе го напушти клубот.
Сепак, „светците“ мора да бидат внимателни бидејќи напаѓачот е под договор до
2022 и ризикуваат следното лето да го загубат за беспари доколку играчот не
стави потпис на нов договор.