Семејството Глејзер ќе се искупува кај навивачите со мега трансфер, Манчестер јунајтед со 90 милиони ќе тргне по Кејн

by
1 минути читање

Бизнисмените од
САД никогаш не биле омилени кај навивачите, кои изминатиов викенд протестраа и
упаднаа на „Олд Трафорд“ во знак на револот на одлуката „ѓаволите“ да бидат еден
од основачите на Суперлигата.

Тие бараат
семејството Глејзер да се повлече од клубот и гласот на фановите да се слуша повеќе
во иднина.

Неколку извори од
Англија сега пренесуваат дека семејството Глејзер сака да се искупи кај
навивачите и да го намали нивниот бес, па дадено е зелено светли за мега
трансфер.

Манчестер
јунајтед со 90 милиони фунти (околу 105 милиони евра) ќе тргне по потписот на
Хари Кејн од Тотнем.
Весникот Сан пишува дека напаѓачот е заинтересиран
за можноста да го облече дресот на „ѓаволите“ но „спарси“ не сакаат да ја
продадат својата ѕвезда на ривал од Премиерлигата.

Исто така, првиот
човек на клубот Даниел Леве е тежок преговарач и бара 150 милиони фунти за
услугите на Хари Кејн, цена која е нереална со оглед на тоа дека многу клубови
имаат големи финансиски последици од пандемијата на коронавирус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×