Како реагираше Конте кога му кажаа дека Мурињо ќе биде нов тренер на Рома (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вест на денот
синоќа беше соопштението на Рома дека Жозе Мурињо ќе го наследи Пауло Фонсека
на кормилото на тимот. Ваквиот развој на настаните беше изненадување за
многумина, а така реагираше и тренерот на Интер, Антонио Конте.

„Волчицата“ го
испрати известувањето во момент кога Италијанецот даваше интервју за емисијата „Ла
Јене“ па новинарот од својот мобилен му ја покажа веста на Антонио Конте, кој не
можеше да поверува.

„Тоа што Мурињо
се враќа во Италија е одлична вест за сите, му посакувам се најдобро, освен
кога ќе игра против Интер“
– порача Антонио Конте.

Двајцата имаа
неколку епизоди и тензични моменти во Премиерлигата, се верува дека не се
поднесуваат, но Антонио Конте го демантира тоа.

Запрашан дали ќе
се прегрнат кога ќе се сретнат повторно, тренерот на Интер вели: „Секако, има
голема почит помеѓу нас“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×