„Светците“ ќе
почекаат уште некоја година за титула во Лигата на шампиони откако вечерва
одново загубија од Манчестер Сити и беа елиминирани во полуфиналето.
Марез го отвори
резултатот во 11. минута, а истиот играч погоди повторно во 63. минута и практично
го реши двомечот.
По вториот гол на
„граѓаните“, фудбалерите на ПСЖ ги загубија нервите, имаше неколку тензични
моменти, Ди Марија доби црвен а во бележникот на судијата влегоа и Верати,
Кимпембе и Данило.
По крајот на
натпреварот, Марко Верати се пожали од Бјорн Кујперс и откри дека бил навредуван.
„Два пати ми рече
„Е*и се“. Доколку јас му кажам на судијата „Е*и се“, ќе добијам десет натпревари
суспензија. Секако дека разговарам многу со судиите, но никогаш не сум ги
употребил овие зборови“ – вели Италијанецот.