Жозе Мурињо често
беше критикуван за стилот на игра кој го применува во Тотнем, многумина сметаа
дека „спарси“ играат дефанзивно. По ремито од 2-2 против Евертон, управата на
клубот реши да ја прекине соработката со „специјалниот“ и да му врачи отказ.
Под водство на
Рајан Мејсон, Тотнем забележа две победи во Премиерлигата, а еден од
најзаслужните беше Герет Бејл, кој не добиваше голема минутажа кај Жозе Мурињо.
По победата на
Саутемптон, Велшанецот изјави: „Сакаме да напаѓаме. Ние сме одличен тим, со
квалитетни играчи и мораме да напаѓаме. Мораме да играме повисоко на теренот и
тоа го сторивме сега“.
По синоќешниот
триумф над Шефилд јунајтед, Герет Бејл повторно упати провокација до Жозе
Мурињо.
„Притискаме високо,
поблиску сме до голот и тоа ни помага да постигнеме повеќе погодоци. Работиме
на ова во последните неколку недели. Јасно е дека големи промени не можат да се
случат преку ноќ, но мислам дека се движиме во права насока. Ова веќе личи на
стилот на Тотнем“ – вели Герет Бејл, кој постигна хет-трик.
„Покажавме
одлични перформанси, од првата минута притиснавме силно, го имавме поседот, контролата
врз натпреварот, постигнавме четири погодоци и одигравме одлично“.
„Се чувствувам
добро, и претходно кажав дека е потребно да играм во континуитет, сега добивам
шанса, среќен сум, и кога сум среќен играм добро“.