Роналдо во финишот со два гола за шест минути му донесе победа на Јуве во Удине (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јуве не смее да си дозволи кикс, а денеска беше блиску до него, сепак Роналдо беше спасителот за старата дама.

Удинезе поведе уште во десетата минута со гол на Молина, а потоа Јувентус се мачеше да дојде до израмнување.

Во 83. минута Јувентус доби пенал откако еден од играчите на Удинезе играше со рака во живиот ѕид при шут на Роналдо од слободен удар. Португалецот погоди од белата точка за израмнување на 1-1.

Шест минути подоцна Роналдо со глава реализираше за победа од 2-1.

Во следното коло Јувентус го пречекува Милан во меч кој можеби ќе биде одлучувачки за место во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×