Мурињо без проблем би прифатил да биде тренер на ривал на Интер

by
1 минути читање

Мурињо на Интер му ја донесе историската тројна круна во 2010 година по што замина во Реал Мадрид.

Нероазурите се единствениот клуб од Италија каде што работел Мурињо, но вели дека не би имал проблем да биде тренер на ривал на Интер.

„Благодарен сум им на сите мои претседатели, сопственици, играчи. Јас сум им се оддолжил со мојата работа, со победување. Некаде повеќе, некаде помалку, но сум давал се од себе во секој клуб“, вели Мурињо.

„Кога напуштам некој клуб ги кажувам само добрите работи од клубот. Не сум човек кој ќе вади валкан веш, не! Секогаш ќе бидам позитивен кон Интер. Освоив се со Интер. Имав посебен однос со сите таму. Но доколку еден ден треба да се вратам во Италија и да бидам тренер на ривалски тим, нема да размислам двапати. Имам професионален поглед на работите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×