Коларов потпишува за Црвена звезда!?

by
1 минути читање

После повеќедневни преговори, Црвена звезда и Александар Коларов си подале рака и тој од следната сезона ќе игра на Маракана, тврдат српските медиуми.

Иако пред две недели Коларов рече дека не се гледа себеси по терените во Сурдулца и Инџија, сепак Дејан Станковиќ и Звездан Терзиќ го наговорија да потпише за Црвена звезда.

Договорот ќе биде потпишан на една година со можност за продолжување на уште една. Годишната плата на Коларов ќе биде 600.000 евра, плус премии и бонуси.

Коларов е роден во Белград и првите чекори ги има направено во Црвена звезда, но играше и во младнските тимови на Обилиќ и Чукарички во кој дебтираше во сениорска конкуренција.

Во Србија играше уште и за ОФК Београд од каде почна неговата голема кариера, играше за Лацио, Манчестер Сити, Рома, сега е член на Интер каде не се изнаигра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×