459
Тимот на Зидан не ги освои лесно планираните бодови, Осасуна до 76. минута одолеваше на нападите на Реал Мадрид, тогаш Милитао погоди за водство на Реал Мадрид од 1-0.
Четири минути подоцна Касемиро погоди за 2-0 и ги реши дилемите за победникот на овој натпревар.
По 34 одиграни натпревари Реал Мадрид е втор со два бода помалку од Атлетико Мадрид, Барселона утре гостува кај Валенсија.