Стигна објаснување зошто судиите не го повторија пеналот на Елче

by
1 минути читање

Елче пропушти голема шанса да му откине два бода на Атлетико Мадрид, имаа пенал во 91. минута но Фидел ја погоди статвата.

Облак не ја газеше линијата кога Фидел го шутна пеналот, па многумина сметаа дека ударот од белата точка требаше да биде преновен.

Но правилата велат дека ако голманот не влијаел на промашувањето, пеналот не треба да биде преновен.

Конкретно: „Доколку голманот не ја гази линијата, а топката отиде над пречката или стативата, или ги погоди нив, пеналот нема да се повтори ако голманот не влијаел на изведувачот“.

Итуралде Гонзалез за „АС“ го повтори тоа и вели дека ова правило ја поддржува одлуката на судијата Мелеро Лопез и ВАР собата.

„Голманот е излезен пред линијата, но нема влијание врз шутот на Фидел, затоа ВАР не бара пеналот да биде преновен. Друго ќе беше ако голманот излезеше три метри напред, тогаш да, треба да биде преновен, но јасно е дека се работи за сантиметри и тој не влијае врз фудбалерот кој штутира. Правилото е напишано и е отворено за интерпретација“, вели Итуралде Гонзалез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×