354
На Атлетико Мадрид до крајот од сезоната секој натпревар му е финале, па денешната победа над Елче е повеќе од значајна.
Тимот на Симеоне победи со гол на Љоренте во 23. минута од натпреварот. Претходно му беше поништен погодок на Суарез поради офсајд.
Во судиското продолжение од мечот Елче доби пенал, Фидел шутираше и ја погоди стативата, многу среќа за Атлетико Мадрид.
Тие сега имаат пет бода повеќе од Реал Мадрид и Барселона кои имаат меч помалку.
Во следното коло Атлетико Мадрид гостува на Барселона.