Агентот на Левандовски не седи мирен, стапил во контакт со раководството на Баерн и доставил две барања

by
1 минути читање

Иднината на
Роберт Левандовски е актуелна во последните неколку дена откако Скај Германија
објави дека неколку гиганти пројавиле интерес за услугите на Полјакот а
пристигнала и една конкретна понуда до Баерн Минхен.

Последните
информации велат дека агентот на напаѓачот, Пини Захави стапил во контакт со
раководството на „баварците“ и прашал какви се намерите. Експресно му било
одговорено дека нема шанси Роберт Левандовски да биде продаден.

Но со оглед на
тоа дека голгетерот наскоро ќе наполни 33 години, ова му е последна шанса за
нов богат договор, па Пини Захави не седи мирен.

Агентот сака по
крајот на сезоната да седне на разговори со раководството на Баерн и да одлучат како
понатаму, или Роберт Левандовски ќе направи трансфер или „баварците“ на маса ќе
мора да стават нов богат договор.

Во меѓувреме, АС објави дека Роберт Левандовски одново е на агендата на Реал Мадрид и „кралевите“ внимателно ја следат ситуацијата на напаѓачот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×