Првата ѕвезда на
Ливерпул, Мохамед Салах откри дека засега не постојат никакви разговори со
клубот околу продолжување на соработката помеѓу обете страни, односно нов
договор.
Актуелниот
договор на Египјанецот истекува во 2023 година, но од Ливерпул се уште не
отвориле преговори за негов нов договор, а претходно медиумите го поврзуваа
фудбалерот со Барселона и Реал Мадрид.
„Никој во клубот не
разговара со мене на таа тема, со тоа не би можел ништо конкретно да кажам“
рече Египјанецот во изјавата за „Скај Спортс“.
Салах ја подигна
титулата во Лигата на шампионите со Ливерпул, меѓутоа и во Премиерлигата, тој
не крие дека посакува да го повтори успехот со „Редсите“ и во иднина.
„Јас и претходно
сум кажал дека сакам да ја освојам Премиерлигата повторно, а сакам повторно да
ја освојам и Лигата на шампионите, тоа е дел од нашата работа, да освојуваме
трофеи“ нагласи Салах.
Во јануари
годинава Салах изјави дека е 100% посветен на тоа да остане во редовите на
Ливерпул.