Мурињо го даде првото интервју по отказот од Тотнем и откри кога планира да му се врати на фудбалот

by
1 минути читање

„Специјалниот“ ја
прекина соработката со Тотнем на 19. април, веднаш доби неколку понуди но големи
се шансите следната сезона да не биде покрај аут линијата.

Во интервју за
Тајмс Магазин, прво по отказот од „спарси“, Жозе Мурињо вели: „Свеж сум, спокоен,
имам нормален живот, во моментов сум на одмор и немам никакви планови“.

„Мислам дека ќе
почекам за да му се вратам на фудбалот, следната сезона ми делува прерано. Не
само што треба да добијам понуда од прав клуб, и културата треба да биде
идеална“.

Жозе Мурињо можеби ќе почека за да седне на клупата на некој клуб, но нема да биде без работа во следните месеци. Тој ќе работи како стручен коментатор за ТокСпорт на ЕВРО 2020, а ќе пишува и колумни за Сан и Тајмс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×