Тухел: Не сме среќни кога Вернер промашува зицери, но тој треба да продолжи со главата горе

by
1 минути читање

Статистиката вели
дека не постои друг фудбалер освен Тимо Вернер сезонава со толку промашени
големи шанси во Премиерлигата и европските купови, со тоа што германскиот
напаѓач доби 29 големи шанси да постигне гол, од кои во 21 не успеа во својата
намера.

Меѓутоа, колку и
да звучи чудно за многумина, Вернер е најдобар поединец сезонава во составот на
Сините од Лондон со 11 погодоци и 12 асистенции досега, а изнуди и седум
пенали, меѓутоа огромните промашувања на зицерите сигурно го става во очај и
самиот тренер на Челси, Томас Тухел.

Дали сме среќни кога
промашува такви шанси? Не. Дали посакуваме повеќе голови од него? Да. Дали
посакува тој повеќе голови? Да
“ рече Тухел алудирајќи и на последното
промашување на Вернер против Реал Мадрид каде можеше да бира каде да упати удар
за да погоди.

Во овој случај
не се работи за квалитет, се работи за самодоверба и момент, се работи за поголема
доверба во вашите инстинкти без никакво предомислување
“ додаде тој за својот
сонародник.

Вернер треба да
продолжи со главата горе, кое е најлошото сценарио кога би добил следна прилика
за гол? Да ја промаши истата… Но милијарди луѓе никогаш не добиваат никаква
шанса во животот, така, потребно е тој да ја преземе одговорноста во следната
прилика кога ќе ја добие
“ заклучи германскиот фудбалски стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×