Дефанзивецот на
Јувентус, Матијс де Лихт вели дека клубот од Торино е фокусиран на обезбедување
на второто место во Серија А сезонава, откако првото место веќе е недостижно за
„Старата дама“.
Де Лихт не крие
дека во соблекувалната на Јувентус имало големо разочарување по ремито со
Фиорентина од резултат 1-1 минатото коло кое под знак прашалник го стави дури и
пласманот во Лигата на шампионите за идната сезона.
„Ние сме
разочарани поради резултатот против Фиорентина, мораме да се трудиме повеќе за
да дојдеме до посакуваните три бода од натпреварите“ рече Де Лихт.
„Потребен ни е
поголем интензитет, поголема храброст во играњето со топка, а мораме да бидеме
подобри и во играта во дефанзивната линија“ додаде Холанѓанецот, кој вели дека
целта на клубот во моментов е освојување на второто место сезонава во Серија А.
„Ние постојано
рамислувавме за Скудетото, но сега желбата е нешто сосема друго, односно да
завршиме на второто место, силни сме и мораме да целиме високо, нашиот фокус е
тој, освојување на второто место“ заклучи 21 годишниот Де Лихт.